Search

Во август 88,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Земјава во август годинава вкупно потрошила 586.691 мегават часови електрична енергија, 36,924 милиони нормални кубни метри природен гас, 413.040 тони јаглен и 112.231 тон нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 88,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,12 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.

Треба да знаете
Последни објави