Search

Во Авганистан запленети четири тони натриум нитрат

Полицијата во Авганистан заплени четири тони натриум нитрат, хемикалија што може да се користи за производство на експлозив, што е една од најголемите заплени од ваков вид откако трае бунтот на талибанците.

Авганистанските власти соопштија дека натриум нитратот бил пронајден во камион, а возачот бил уапсен и истрагата за овој случај е во тек.

Сепак, властите не открија на која од неколкуте милитантни групи кои дејствуваат во Авганистан и припаѓа запленетата материја.

Натриум нитрат може да се користи за производство на ѓубрива и конзерванси, но и за производство на експлозиви, поради што со години е забранет во Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави