Search

Војската ја заврши потрагата по петмината американски маринци

Армијата на САД ја заврши потрагата по петте маринци кои се водеа за исчезнати откако се судирија два авиони над јужниот брег на Јапонија.

До несреќата дојде за време на вежба помеѓу двата авинои.

Несреќата се случила пред пет дена, а петмината членови на екипажот на „КЦ-130 Херкулес” денеска откако беше прекината потрагата официјално беа прогласени за мртви.

Два авиони на американските воздухопловни сили со вкупно седум члена на екипажот се судрија во четвртокот. Двајца членови на екипажот на „F / A-18″ беа пронајдени по несреќата, но еден од нив подоцна почина.

Маринците беа стационирани во воздухопловната база Ивакуни, во близина на Хирошима, објави АП.

Треба да знаете
Последни објави