Search

Војничка диета со која ќе изгубите до 4,5 килограми за една недела

Дисциплината е најважната состојка во т.н. војничка диета со која се  гарантира дека ќе изгубите и до 4,5 килограми за една недела.

 

Треба да се напомене дека ова е многу строг режим на исхрана што не смеете да го применувате како редовен начин на исхрана и не смеете да го применувате премногу често.

Војничката диета подразбира внесување на точно одредена храна во точно одредени количини распоредена во три оброци во текот на денот.

Калориите во овие оброци се точно пресметани. На пример, првиот ден може да внесете 1.078 калории. Колку за споредба, просечниот возрасен човек дневно внесува од 2.400 до 2.600 калории.

Појадок

1 шолја црно кафе (без млеко, без шеќер)

½ грејпфрут

1 парче двопек

Ручек

½ шолја туна

1 парче двопек

1 шолја црно кафе

Вечера

85 грама какво било месо, не пржено

1 шолја варен грашок

½ банана

1 мало јаболко

1 шолја сладолед

Додека сте на војничката диета одредени намирници може да ги замените со други, по ваш вкус. Ако не сакате грејпфрут, може да испиете чаша вода со лажица сода бикарбона – го има истиот ефект, без витамините.

Иако се вика војничка диета, овој режим на исхрана нема врска со исхраната на војниците, туку со нивната дисциплина.

Нутриционистите предупредуваат дека поради смалениот број на калории, може да почувствувате вртоглавица, главоболки и умор, особено ако работите додека сте на диетата.

Треба да знаете
Последни објави