Search

Војници на Националната гарда распоредени во Вашингтон нашле стакло во нарачаната пица

Војници на Националната гарда распоредени во главниот град на САД, проашле парченца стакло во пицата што им ја доставиле, потврди Пентагон, во време кога протестите против полициската бруталност на национално ниво ескалираат во повици за целосно ослободување од спроведувањето на законот, пренесува РТ.

Околу 1.500 војници од Јужна Каролина, Индијана, Мериленд и Тенеси беа испратени во Вашингтон минатата недела како засилување за 1.300 припадници на Националната бидејќи протестите ескалираа во грабежи и подметнување пожари.

Кога двајца војници од Јужна Каролина порачале пица во хотелот „Мериот Маркис“, каде што престојувале, во пицата нашле парченца стакло. Тие не јаделе од пицата и не се повредени, објавија „Чарлстон пост“ и „Куриер“, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Двајцата гардисти стапиле во контакт со полицијата во Вашингтон и го пријавиле инцидентот.

„Командата вели дека војниците се добро и дека ова е единствениот инцидент колку што им е познато“, изјави портпаролката на Националната гарда на Јужна Каролина, капетан Џесика Донели за „Пост“ и „Куриер“.

Таа додаде дека на војниците им било советувано да поднесат полициски извештај. Полицијата во Вашингтон изјави дека сè уште не добила таква пријава.

Треба да знаете
Последни објави