Search

Војниците кои се враќаат од мисии во странство ќе бидат во карантин

 Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се враќаат од мировни мисии и вежбовни активности во странски држави ќе бидат спроведени во карантин во објектите и касарните, одлучи Владата на денешната 30-та седница.

Владата на денешната седница, исто така, го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Седум припадници на Армијата кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка” во Авганистан се враќаат во земјава. Како што соопшти вчера Министерството за одбрана нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines” организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави