Search

„Вочмен“, „Мајсел“, „Озарк“, „Сукцесија“ со најмногу номинации за наградата „Еми“

Дистопската суперхерој-драма „Вочмен“ и комедијата од 60-тите години на минатиот век „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ преовладуваат на номинациите за наградите „Еми“, на листата која оваа година рефлектира диверзитет и свежи кандидати за највисоките награди во телевизијата, познати како ТВ-оскари.

Драмата „Вочмен“ доби 26 номинации, вклучувајќи ја и таа за најдобра лимитирана серија, додека The Marvelous Maisel на студиото „Амазон“ доби 20, вклучувајќи ја и таа за најдобра актерка, ѕвездата Рејчел Броснахан.

„Нетфликс“ води пред сите мрежи со рекордни 160 номинации за емисии или актери, меу нив Stranger Things, Tiger King, Unbelievable и еврејската сага Unorthodox.

Потоа следи ХБО со 107 номинации, меѓу нив и големото изненадување Зендаја, 23-годишната sвезда на тинејџерската драма „Еуфорија“.

„Сукцесија“ приказна за медиумско семејство, доби 18 номинации, вклучително и девет за нејзините актери.

Во време кога заложбата на Холивуд за диверзитет е под лупа, повеќе номинации отидоа кај афроамерикански актери.

Номинирани во категоријата најдобри актерки во драмската серија се Џенифер Анистон (The Morning Show), Оливија Колман (The Crown), Џоди Комер (Killing Eve), Лора Лини (Ozark) и Зендаја (Euphoria).
Во категоријата најдобар актер во драмска серија номинирани се Џејсон Батман (Ozark), Стерлинг Браун (This is Us), Били Портер (Pose), Џереми Стронг и Брајан Кокс (Succession) и Стив Карел (The Morning Show).

Наградите Еми ќе бидат официјално објавени на церемонија на 20 септември, иако не е јасно дали настанот ќе биде виртуелен или пред публика поради пандемијата на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави