Search

Ворфорд му ги „пакува куферите“ на Солскјер

Манчестер јунајтед  доживе нов шок во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција  откако убедливо е совладан на гостувањето во 12. коло кај Вотфорд со 4:1. Тренерот Клаудио Раниери  гор азбуди Вотфорд кој со овој тртиумф ја напушти опасната зона. По денешниот срамен пораз уште повеќе се тресе клупата кај Манчестер јунајтед за норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ играа лош од самиот почеток, но Давид де Хеа ги спаси со два одбранети пенали. Сепак, Џошуа Кинг прв ја затресе мрежата на гостите во 28. минута, а потоа Сар погоди за водство од 2-0.

Дони Ван де Бек конечно се појави на теренот во второто полувреме и ја оживеа играта на Јунајтед, па со гол во 50. минута намали на 1-2, а потоа испрати неколку добри топки до своите соиграчи кои не ги искористија.

Проблеми за екипата на Оле Гунар Солшер направи и Хари Мегваер кој доби црвен картон, па во завршницата Педро и Денис стрелаа за триумф од 4-1.

 

Треба да знаете
Последни објави