Search

„Вориорс“ ги декласираа Портланд, само трета победа за „Кливленд“

Шампионот „Голден Стејт Вориорс“ ја прекинаа серијата од четири порази, најдолга во ерата на тренерот Стив Кер и славеа над „Портланд Трејлблејзерс“ со 125:97. Мечот беше израмнет само во првата четвртина, по што домаќините постепено ја зголемуваа предноста. За „Вориорси“ најефикасни беа Кевин Дурент со 32 и Клеј Томпсон со 31 поен. На спротивната страна Демијан Лилард со 23 коша и Јусуф Нуркиќ со 22 поени и осум скока беа светлите точки кај „Трејлблејзерс“.

Во највозбудливиот меч ноќеска, „Детроит Пистон“ ги совладаа „Хјустон Рокетс“ со 116:111, по едно одиграно продолжение. Ерик Гордон погоди за „Хјустон“ во последните моменти за 98:98 и избори продолженија на мечот во Детроит. Продолжението, сепак, им припадна на домаќините. Најзаслужни за триумфот беа  Андре Драмонд со 23 поени и 20 скока, Блејк Грифин додаде 28 поени и девет скока, а Реџи Џексон имаше 22 поени. Кај “Рокетс“ фантастична партија пружи младиот швајцарец, Клинт капела со 29 коша и 21 скока, а Џејмс Харден даде 33 поени, осум асистенции и три скока.

„ЛА Лејкерс“ предводени од Леброн Џејмс забележаа уште една победа и дојдоа на скор 11-7. „Езерџиите“ славеа над „Јута Џез“ со 90:83, а Џејмс имаше учинок од 22 поени, 10 скока и седум асистенции.

За одбележување се победите на најслабите тимови во лигата. Третата победа сезонава за „Кливленд Кавалирс“ кои славеа во Филаделфија против „Сиксерси“ со 112:121, како и четвртиот триумф на „Феникс Санс“ исто така на гости „Милвоки Бакс“ 114:116.

Во останатите натпревари се постигнаа следниве резултати:

„Њујорк Никс“-„Њу Орлеанс Пеликанс“ 114:109
„Торонто Репторс“-„Вашингтон Визардс“ 125:107
„Чикаго Булс“-„Мајами Хит“ 96:103
„Оклахома Тандер“-„Шарлот Хорнетс“ 109:104
„Денвер Нагетс“-„Орландо Меџик“ 112:87
„Атланта Хоукс“-„Бостон Слетикс“ 96:114

Треба да знаете
Последни објави