Search

Вооружен скопјанец уапсен откако вперил пиштол во гости во кафеана

Утрово во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д.(26) од Скопје му се заканувал со пиштол.

Според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција.

Вооружениот бил приведен во ПС Аеродром, а пиштолот бил одземен.

По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави