Search

Вооружен напад на пазар во Нигерија, најмалку 30 загинати

Вооружени напаѓачи убиле најмалку 30 луѓе во напад во сојузната држава Сокото во северна Нигерија, соопшти денеска кабинетот на гувернерот.

„Нападот започна во неделата на пазарот во Гороњ и продолжи денеска наутро”, се вели во соопштението од канцеларијата на Амин Вазири Тамбувал, гувернер на провинцијата Сокото.

Според очевидци, напаѓачите првично успеале да ја неутрализираат полицијата која се обидела да интервенира.

Низ северозападна Нигерија, вооружени терористи убиле или киднапирале голем број луѓе во текот на минатата година за откуп, а земјата е во безбедносна криза што владата се обидува да ја реши со нарушување на комуникациите, воени операции и зголемено полициско присуство.

Треба да знаете
Последни објави