Search

Вооружен инцидент пред ГОБ „8 Септември“, полиција привела двајца (ФОТО)

Дваесетина припадници на МВР штотуку го започнаа увидот во ГОБ „8 Септември“, каде попладнево група на мажи, за кои постојат сомневања дека еден бил вооружен влегле во Ургентниот центар и упатиле серија закани кон докторка, која била на дежурство.

Неофицијално дознаваме дека лицата сакале да земат тело на починат за кои според лекарските протоколи било предвидено да се изврши обдукција.

 

Од МВР велат дека лицата се приведени за распит во полицика станица.

Пред болницата во моментов екипи на МВР вршат увид, додека група граѓани се собрани пред болницата која е ковид центар за Македонија.

Треба да знаете
Последни објави