Search

Вонредна состојба на Самоа поради епидемнија на сипаници

На пацифичкиот остров Самоа прогласена е вонредна состојба по неколку смртни случаи поврзани со појава на епидемија на сипаници.

На Островот, на кој живеат од околу 200.000 луѓе, досега поради сипаници живот загубија шест деца, претежно под две години. Првиот смртен случај беше регистриран во крајот на октомври.

Поради вонредна состојба, сите училишта се затворени, а забранети се собири.

Од 716 пријавени случаи, за 40 проценти била потребна хоспитализација, а Министерството за здравство соопшти дека само две третини од населението е вакцинирано.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Винстон Питерс најави дека неговата земја ќе испрати помош од околу 3.000 вакцини и 12 медицински сестри во Самоа.

Првите случаи на сипаници се појавија на островот Тонга, на околу 900 километри од Самоа минатата недела, откако рагби тим се врати од Нов Зеланд и оттогаш се потврдени 250 случаи.

На Американска Самоа е прогласено исто така вонредна состојба поради сипаници.

Треба да знаете
Последни објави