Search

Вонредна состојба на Далечниот исток на Русија поради поплавите

Вонредна состојба е прогласена во седум општини во регионот Приморск на Далечниот исток на Русија, поради поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти локалната управа.

Во соопштението се наведува дека се поплавени 287 куќи, а евакуирани се 58 луѓе, пренесе ТАСС. Воспоставени се и привремени засолништа за евакуираното население.

Порадо обилните дождови се излеале три реки во таа област. Локалната управа формирала 30 комисии, кои ќе ги обиколат сите загрозени подрачја и ќе ја проценат штетата.

Треба да знаете
Последни објави