Search

Вонредна седница на Советот на општина Охрид, погребот на Стојаноски в понеделник

Вонредна седница на Советот на општина Охрид, погребот на Стојаноски в понеделник

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, Советот на општина Охрид утре ќе одржи вонредна седница, закажана од 10 часот.

Од општина Охрид е соопштено дека Комеморативната седница по повод смртта на Стојаноски ќе се одржи в понеделник од 10 часот, во Големата општинска сала.

Погребот на Стојаноски е закажан за в понеделник од 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина утрово, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца

Треба да знаете
Последни објави