Search

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница на барање на Србија и Русија по повод одлуката на Приштина за формирање војска, а на која ќе се обрати и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по српско време, и ќе биде отворена за јавност. На седницата ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Вучиќ на вчерашната вонредна прес-конеференција изјави дека денеска во Њујорк на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се бори за Србија со сето срце.

Се спремам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со ‘Ер Србија’ наутро и одам право на седница. Ќе се борам“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека на крајот на седницата ќе има право на реплика. „Не сум одлучил уште во кој дел ќе зборувам на англиски и на српски. Но не е моја работа да ги убедувам нашите луѓе, туку оние кои сакаат таму да слушаат. Утре ќе донесам конечна одлука“, реече Вучиќ.

Тој оцени дека косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ. „Таа не може да ја загрози нашата војска, но може да го загрози опстанокот на нашиот народ. Сè тоа е спротивно на тоа што Тачи го зборуваше“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави