Search

Вонредна дезинфекција на згради во Карпош

Општина Карпош од денеска почнува вонредна дезинфекција на станбените згради кои имаат повеќе од осум домаќинства.

– Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зграда, гелендери, сандачиња и лифтови. Дезинфекцијата ќе се изврши со дезинфекциско средство за јавни површини и домаќинства. Оваа мерка претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици/куќни совети, имајќи ја предвид кризната состојба со КОВИД-19, соопшти Општина Карпош.

Вонредната дезинфекција на станбените единици не значи одложување и прекин на другите активности за одржување на хигиената, планирани од станарите. Напротив, наведува Општината, тие треба да се спроведуваат тековно, а особено да се интензивирани во овој период на раширеност на коронавирусот.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од вирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од зградите.

Треба да знаете
Последни објави