Search

Вонреден мегдан на лутите ривали во Чаир

Прекуредно денеска (15.30 ч.) фудбалските прволигаши ќе го одработат 6. коло, на кое белег треба да му даде пресметката на лутите ривали Шкупи и Вардар во Чаир. Покрај ова локално градско дерби, вакво задоволство љубителите на фудбвалот ќе имаат и во Тетово каде Ренова на хартија ќе му биде домаќин на актуелниот шампион Шкнедија, кој сезонава на стартот не ја оправда фаворитската улога.

И Вардар имаш лош почеток, но пред гостувањето во Чаир нанижа серија од три победи. „црвено-црните“ не знаат за победа против Шкупи од април 2017. Шкупи кој имаше принудна смена на тренерската клупа на дуелот со Вардар гледа дирекна можност со триумф да ги прескокне на табелата и да се нареди во водечката тројка. Вардар на полседните пет натпреаври нема примено гол, а Шкупи пак тешко го наоѓа патот до мрежата на противниците.

Шкендија против Работнички првпат се израдува на триумф сезонава во Првата лига. Дуелот со Ренова сега е голем тест за тетовските „црвено-црни“ да покажата дали е надмината резултаската криза и се подготвени ќе почната победничка серија или повторно ќе се соочат со проблеми. И Ренвоа по добриот старт в очи на градската пресметка се соочи со два порази.

Работнички е непријатно изнеандување, се најде на дното од табелата и против Македонија ЃП, која пак е пријатно изненадување и високо котира на табелата ќе бара излез од кризата. И оваа локална пресметка двете екипи ќе се обидат да ја искорстат за самодоверба.

ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО (15.30 ЧАСОТ)

СКОПЈЕ: Шкупи – Вардар

СКОПЈЕ: Работнички – Македонија ЃП

ТЕТОВО: Ренова – Шкендија

КРАТОВО: Силекс – Борец

СТРУГА: Струга Трим Лум – Академија Пандев

ТАБЕЛА: А. Пандев 13 бода, Македонија ЃП 11, Вардар 10, Шкупи 8, Ренова 7, Струга ТЛ 7, Шкендија 4, Борец 4, Силекс 3, Работнички 3.

 

Треба да знаете
Последни објави