Search

Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Бразилските здравствени служби објавија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцината против кроронаворисот на британско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд, и дека програмата ќе продолжи, бидејќи тој бил дел од контролната група што ја примиле вакцината против менингитис.

-Испитувањата на вакцината против ковид-19 од страна на АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд во Бразил ќе беа прекинати доколку волонтерот, кој почина, бил дел од активната група – изјави извор запознаен со ситуацијата.

Овој коментар сугерира дека волонтерот бил дел од компаративна контролна група, на која и била дадена вакцина против менингитис, наведува Ројтерс.

Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината против коронавирусот ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот, објави Ројтерс.

На учесниците и истражителите не им било кажано во која група припаѓаат.

Треба да знаете
Последни објави