Search

„Волмарт” со раст на профитот од 70 отсто

Најголемиот трговски ланец во светот, американската компанија „Волмарт” соопшти дека во последниот лански квартал забележала раст на профитот од 70 отсто на годишно ниво, на 3,7 милијарди долари.

Во истиот период, компанијата остварила приход од 138,8 милијарди долари, што претставува раст од 1,9 проценти во однос на истиот квартал претходната година.

Како причина за ваквиот драстичен раст на заработката се посочува „адаптацијата на маркетите на „Волмарт” кон дигиталната ера”, односно можноста за нарачување производи преку мобилни телефони.

Со цел да се справи со растот на пазарот на интернет продавницата „Амазон”, „Волмарт” лани овозможи примање нарачки преку мобилни телефони од над 2.100 од нејзините 4.755 маркети во САД, како и дистрибуција до 800 населени места.

Втора значајна причина за растот на профитот на „Волмарт” е и предвремената исплата на долговите во износ од една милијарда долари.

Треба да знаете
Последни објави