Search

„Волво“ повлекува 167.000 возила

Шведскиот производител на автомобили „Волво карс“, кој е во сопственост на кинеската холдинг-компанија Geely, соопшти дека ќе повлече 167.000 возила ширум светот поради слабости во системот за електронско отворање на вратата на гепекот кој може да престане да работи на студено време или евентуално да предизвика оштетувања.

Портпаролката на групацијата, Аника Бјерстаф, изјавила дека повлекувањето е превентивна мерка и дека „Волво“ досега нема примено никаков извештај за серизони инциденти поврзани со споменатиот проблем.

Додала дека се повлекуваат моделите „волво XC 60“ од 2018 и 2019 година. Бјерстаф рекла дека на сопствениците ќе им биде понудена замена без никакви трошоци.

Минатиот месец компанијата повлече 200 000 дизел возила поради можности од пукање на цревото за гориво.

Треба да знаете
Последни објави