Search

Воз удри во автомобил кај Могила, нема повредени

Без повредени поминала несреќата во која вчера воз удри во автомобил, информираше МВР.

На 28.05.2020 околу 17.50 часот на железничкиот премин во село Лознани, општина Могила, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола удрил во автомобил „киа клаус“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(58) од Прилеп.

Од ударот била причинета само материјална штета, а повредени лица нема, по што возачот на возилото веднаш го напуштил местото. Железничкиот сообраќај бил во прекин.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави