Search

Воз во Германија усмртил жена додека се обидувала да го спаси своето куче

Жена и нејзиното куче загинале во Германија кога биле удрени од воз, додека таа се обидувала да го спаси својот миленик кој застранил на шините, објави полицијата денеска.

Педесет и тригодишната жена во средата навечер побрзала да го одвлече кучето од шините, додека кон нив во полн налет доаѓал воз во баварскиот град Гармиш-Партенкирхен.

Поради несреќата, сообраќајот бил во застој неколку часа.

Треба да знаете
Последни објави