Search

Возрасните да вежбаат двапати неделно за да останат активни подолго, советуваат врвни лекари

Возрасните лица да прават вежби за зајакнување на мускулите двапати неделно, како и аеробни вежби, за да си помогнат да останат активни подолго, советуваат врвните лекари во Велика Британија.

За првпат, во препораките се вклучени совети за безбедно ниво на активност и за бремените жени и нови мајки. Танц или Таи Чи се препорачуваат за лицата на над 65-годишна возраст, за да ги намалат падовите во староста.

Физичката активност, како што наведуваат лекарите, штити од гојазност, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија. Новите упатства за физичка активност се изработени од главните медицински службеници во Велика Британија и ажурирани за да ги одразуваат најновите научни докази.

Нивната порака е дека секоја активност е подобра отколку никаква активност.

Професорот Сали Дејвис, вели дека повеќето деца и возрасни во Велика Британија не се доволно активни.

„Ни треба поактивно патување, потребно е луѓето да се симнат од автобусот, да се качуваат по скали наместо да користат лифт…Треба да бидеме поактивни“.

Упатствата препорачуваат возрасните да градат сила и рамнотежа за да се спречи природниот пад на мускулната маса и густината на коските, процес што започнува на околу 50-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави