Search

(Вознемирувачко видео) Јагуар нападна жена додека се обидувала да направи селфи во зоолошка

Жена била нападната од јагуар додека се обидувала да направи селфи во зоолошката градина во Аризона. Како што јавуваат медиумите, додека жената се обидувала да се слика, заедно со јагуарот во позадина, таа премногу се приближила до оградата. Во еден момент тој и ја зграпчил раката на 30-годишната жена.

Целиот случај бил снимен на видео, кое е објавено на социјалните мрежи. На него може да се види како жената со повредена и крвава рака лежи на земјата и се превиткува од болка.

Човекот кој го направил видеото, Адам Вилкерсон изјави дека неговата мајка му го свртела вниманието на јагуарот со шише вода, па тој го искористил моментот да ја повлече и да ја спаси жената.

Сведоците им изјавиле на службениците во зоолошката градина дека жената ,,ја преминала оградата” за да направи што подобра слика.

Ова е втор пат јагуарот да нападне некој од посетителоте на зоолошката градина, којшто не ги почитувал предупредувањата и ја преминал оградата. Со оглед на тоа дека станува збор за човечко невнимание, а не за инцидент предизвикан од јагуарот, оваа голема мачка од родот на пантерите, нема да биде еутаназирана.

Треба да знаете
Последни објави