Search

(Вознемирувачко видео) Полицијата од САД во кеса пронашла живо бебе

Полицијата од американската сојузна држава Џорџија објави драматично видео кое го прикажува спасувањето на новородено девојче кое било пронајдено живо во пластична кеса во шума.

„Го објавивме видеото за да добиеме информации за идентитетот на бебето и да покажеме колку е важно овој случај да биде решен“, велат од канцеларијата на шерифот за „АП“.

https://youtu.be/cYZYY-Hr27s

Се наведува дека властите на 6 јуни се упатиле кон шумското подрачје, кога од куќа во близина било пријавено дека се слуша плач. Полицијата е во потрага по мајката на бебето.

Треба да знаете
Последни објави