Search

(Вознемирувачко видео) Покосил велосипедист додека преминувал улица

Снимка од надзорните камери на една куша во Футог, Србија покажува како се случила страотната сообраќајка во која загина постар маж на 20 август годинава.

На сниката се гледа како велосипедист доаѓа од една уличка за да ја помине главната улица. Тој прво пропушта еден автомобил кој поминува, за да потоа тргне преку улицата откако проценил дека наредниот автомобил е доволно далеку. Сепак, возилото се движело со поголема брзина и не се обидел да сопре за да го пропушти велосипедистот.

Велосипедистот на секунд застанал, веројатно мислејчи дека возачот ќе го заобиколи или од страв, но автомобилот го удри, а несреќниот маж одлетал неколку десетици метри подалеку. Тој починал на самото место.

https://www.facebook.com/vukadinovic.zoran/videos/10218725778796242/?t=19

Треба да знаете
Последни објави