Search

(Вознемирувачко видео) Објавена полициска снимка од убиството на Џорџ Флојд

Американската полиција објави видео од апсењето на Џорџ Флојд, за време на кое починал, снимено со камера на униформа на еден полицискиот службеник.
Ова видео покажува друг агол од апсењето, бидејќи досега беше познато само видеото снимено од минувачка.

Видеото е објавено по наредба на судот во Минеаполис, кој ја спроведува постапката по обвинението за убиство против полицајците кои учествувале во апсењето.

Флојд почина откако полицискиот службеник Дерек Шовен долго време клечел врз вратот на починатиот. Шовен и неговите колеги се обвинети за убиство, а смртта на Џорџ Флојд предизвика антирасистички протести низ Америка, кои се претворија во немири во многу градови.

Видеото е долго еден час и е снимено од камерите на полициските службеници Томас Лејн и Александар Куенг, кои се обвинети за соучесништво, и кои први се појавија на местото на настанот, на повик на сопственикот на продавницата кому Флојд наводно сакал да му плати со лажна банкнота од 20 долари.

Полицајците прво разговараат со продавачот, а потоа одат кај Флојд, кој седи во автомобилот.

Флојд, кој имал криминално досие и се соочувал со подолга казна како повратник во случај повторно да биде осуден, се чини дека паничел и ја молел полицијата да го пушти да си оди, иако неговите зборови се неразбирливи на снимката. Флојд изгледа како да плаче и во еден момент ја става главата на воланот.

Полициските службеници го извлеклуваат од автомобилот, му ставаат лисици и се обидуваат да го турнат во патролноти возило. Тој започнува да се спротивставува во патролното возило и вели дека не може да дише, а потоа полицијата го извлекла и тој завршува на земја.

Тогаш, Флојд се слуша како постојано се жали дека не може да дише, а видеото завршува со пристигнување брза помош, обидувајќи се да го реанимира несвесниот Флојд.

Треба да знаете
Последни објави