Search

(Вознемирувачко видео) На руска фарма им ја дерат кожата на зајаците

Во медиумите се појави уште една снимка на злоупотреба на животни, а беше снимена на руска фарма за зајаци каде што овие животни се одгледуваат заради крзното.

Снимката е вознемирувачка и на неа е прикажано како со метални шипки работниците на фармата ги удираат по глава животните заглавени во мали кафези.

Снимката е објавена од страна на организацијата ПЕТА и на неа се прикажани и чинчили кои исто така се користат заради крзното.

Истрагата беше започната во октомври годинава, а очевидци тврдат дека 30 проценти од крзното се продава на добро позната компанија, која е најголемата компанија за купување и продажба на крзно во светот.

„Секој клиент треба да има на ум дека зад секој капут или манжетна се наоѓа валкан жичен кафез, животно кое вреска и под на кланицата  натопен со крв “, рече еден од водачите на ПЕТА, Џејсон Бејкер.

Во Русија не постојат регулативи за заштита на животните на фарми.

Треба да знаете
Последни објави