Search

(Вознемирувачка снимка) „Анима мунди“: Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор

„Анима мунди“ објави вознемирувачко видео на кое се гледаат две лица како измачуваат куче. Го држат врзано и го удираат со црево. Од „Анима мунди“ бараат најстрога казна и одземање на секое животно што го поседуваат овие лица.

„Ајде да видиме дали уште ќе јаде кокошки“, велат тие на видеото.

„Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор каков што не може да се објасни! Видео најдено на страната на Стефан Ташков од Радовиш во кое со ваква најава се гордее и јавно се фали. Итно најстрога казна и одземање на секое животно што го поседуваат овие малоумници и садисти, итна кривична одговорност! Итно спроведување инспекциски надзор на АХВ, полициски истраги во секој град и село во Македонија зошто пред очите на сите – неказнето – те со отрови, камшици, те со пушки, се спроведуваат убиства или се мачат живи битија, дела за кои секој би бил затворски санкциониран во секоја нормална држава во светот. Не да се тормозат и казнуваат активисти за секаква тривијалност и глупост, туку монструмите, кои се меѓу нас, кои фрапантно, без страв и срам ги прекршуваат Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон. Позиција за животни, најстроги казни за мачење и убивање на животните, нивна примена наместо празни зборови на хартија!“, велат од здружението.

Од таму додаваат дека институционалниот молк ги охрабрува социопатите, насилниците, како и дека институционалната зачмаеност е директен причинител и резултира во сериозни и неповратни општествени девијации во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави