Search

Вознемирувачка репортажа: Банда во Британија држела Полјаци како робови

„Објаснете ми, зошто решивте да ја раскажете вашата приказна, зошто се согласивте на ова интервју?“, прашува новинарот на Би-би-си средовечен маж со испено лице. Очите на човекот се исполнети со солзи, се појавува натпис кој покажува дека неговото име е Миецслав, по што се заклучува дека тој веројатно е Полјак, а потоа следи неговиот одговор: „Секој треба да знаат дека во 21. век луѓе можат да се користат за пари и да бидат третирани како животни. Оваа приказна мора да биде раскажана“.

Вака започнува вознемирувачкиот 11-минутен прилог на Би-би-си за модерното ропство во Велика Британија, кој се фокусира на банда на шверцери на луѓе што привлекувала Полјаци во Велика Британија со ветувања за добра работа и профит, а кога тие ќе дојделе во земјата, ги заробувале и ги претворале во извор на заработка за себе.

Луѓето биле чувани во најлоши услови, им биле одземени документите и парите што ги заработувале за нив, а биле и ментално и физички понижувани. Најголемиот дел од нив работеле како физички работници.

Шверцерската банда ја водело ромско семејство од Полска, чии членови од поодамна живееле во Велика Британија, а со нив рабортеле и неколку други пријатели работеле. Јустина Перцевска била една од клучните луѓе, таа ги дочекувала луѓето шверцувани од Полска, а за организација на транспортот бил задолжен извесен Марек Чованиец.

Во меѓувреме, главните членови на бандата се осудени на 60 години затвор, благодарение на голема истрага започната уште во 2015 година. Инспекторите велат дека оваа банда е најголемата што ја разбиле досега и пресметале дека шверцерите кои луѓето ги користеле како свои роброви заработиле најмалку 2 милиони фунти. Некои од нив имаат недвижнини во Полска кои биле купени со пари од ваквото ропство.

Активистите за човекови права посочуваат дека е најтешко жртвите да го вратат чувството на сигурност затоа што и покрај тоа што сега тие се безбедни и згрижени, сепак се плашат од ропството на кое биле изложени. Тие исто така се плашат дека нивните поранешни сопственици ќе се одмаздат, иако повеќето од нив сега се затворени.

Треба да знаете
Последни објави