Search

Возило со мигранти удри во камион и се запали, едно лице загина

Возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија -Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП” удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

24-Инфо дознава дека на патот кон болница едно лице починало а дванаесет се тешко повредени.

Моментално на местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и полицијата, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Треба да знаете
Последни објави