Search

Возило полно со мигранти од Бангладеш излетало кај Миравци

Вчера во 12.30 часот на регионалниот пат Гевгелија-Дојран,  полициски службеници  забележале патничко возило во кое што се превезувале 12 мигранти од Бангладеш.

На регионалниот пат Гевгелија-Дојран, на крстосница „Ѓавато“, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки во кое се превезувале поголем број на лица и кое се движи од Богданци кон Гевгелија. Полициските службеници со возило се упатиле кон него. На крстосницата Гевгелија возилото се вклучило на автопатот кон Скопје, а на крстосницата с.Миравци–с.Милетково, поради неприлагодена брзина, излетало од патот. После тоа, возачот побегнал. Во возилото биле понајдени 13 лица мигранти од Бангладеш кои биле приведени во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Набргу потоа, возачот бил пронајден и предаден во СВР Струмица. Се работи за Б.Ј.(22) од Богданци.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави