Search

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил соопшти дека возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки.

– Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави Бектеши на својот Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави