Search

Возењето велосипед има свои бенифити

Возење велосипед го зголемува животниот век. Знаете ли дека на светот постојат повеќе од милијарда велосипеди?

Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, тоа е и економично, а да не спомнуваме и дека на тој начин ја зачувувате природата.

Здрав е за телото

Ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем, ја зголемува кондицијата, а корисен е и за согорување на калории. Секој ден ќе работире на линија без одење во теретана.

Здрав за умот

Возењето велосипед го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите од забава или ви служи како средство за превоз до работа, со велосипед ќе стигнете посреќни, полни со енергија и многу по опуштени.

Здрав за околината

Земјите ширум светот се обидуваат да ја намалат емисијата на штетни гасови кои ги произведуваат автомобилите, а велосипедот е одлично средство за борба против тоа. Освен што ќе бидете посреќни и фит, ќе се чувствувате добро бидејќи ќе знаете дека правите нешто добро за околината.

Практичен

Метежот на патиштата поради кои многу возачи губат нерви? Тоа на велосипедистите не значи ништо. Тенок, брз и способен да се провлече низ најтесниот премин, велосипедот ќе се претвори во сојузник кој ви заштедува време, а ќе ги избегнете и скапите паркинзи.

Здрав за паричникот

Бензинот кој автомобилите го голтаат е голем удар за паричникот, а слично важи и за градскиот јавен превоз. Под услов да имате кацига и да возите според прописите, возењето велосипед е најевтино возење, а бесплатните нешта секогаш се најдобри

Треба да знаете
Последни објави