Search

Воздушна патрола на македонското небо со Ф-16

Два борбени авиони Ф16 на грчкото воено воздухопловство во состав на НАТО денеска летаа на македонското небо.

Патролирањето на грчките воени авиони е дел од воспоставувањето на безбедносниот чадор на НАТО, според кој воздушниот простор над Северна Македонија да биде заштитен од грчкото воено воздухопловство.

Според договорите, секоја среда, околу пладне, грчките воени авиони патролираат низ воздушниот простор над земјава.

Прва таква мисија беше изведена на 22 мај 2019 година, како дел и од Преспанскиот договор, а стана пракса со зачленувањето на Северна Македонија во НАТО алијансата на 27 март 2020 година.

Една од позначајните мисии во македонскиот воздушен простор, откако земјава стана 30-та членка на НАТО, е и оној на 2 јуни 2020 година кога земјата ја надлетаа два американски бомбардери Б-1Б и четири грчки борбени авиони Ф-16. Со таа мисија беше воспоставена интероперабилност на Алијансата и беше нагласена соработката меѓу членките на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави