Search

Возач со „голф“ удрил во 40-годишна скопјанка и побегнал

Скопјанка на возраст од 40 години е тешко повредена откако во утринските часови на 7. декември во неа удрил автомобил „голф“, чиј возач побегнал по инцидентот.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила во близина на крстосницата од улицата „Бледски договор“ и булеварот „Илинден“.
Жената се здобила со тешки повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Полицијата преземa мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави