Search

Возач со автомобил паднал во река

Возач од Кавадарци бил тешко повреден откако со автомобилот што го управувал излетал од патот и паднал во река, вчера вечерта во близина на Кавадарци.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 20.30 часот, на улицата Страшо Пинџур во кавадаречкото село Ваташа. Автомобил  „југо“ со битолски регистарски таблици што го управувал Е.Б.(40) од Кавадарци, излетал од патот и паднал во реката.

По сообраќајната несреќа возачот бил однесен во болницата во Кавадарци, Полицијата извршила увид.

Треба да знаете
Последни објави