Search

Возило удри во 6-годишно дете во Прилеп

Возач со автомобил удрил во 6-годишно дете и тешко го повредил, вчера во Прилеп.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 15.45 часот на улицата Војводинска. Автомобил „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрил во шестгодишното дете од Прилеп.

Од ударот детето било тешко повредено по што било однесено во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави