Search

Возач на четирицикл паднал во Бањанска река и загинал

На 02.04.2020 околу 19.40 часот пријавено е дека  на локален пат во с.Глуво, скопско, Г.Ј.(43) од с.Глуво, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска река, по што бил изваден од случаен минувач.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави