Search

Возач на електричен тротинет настрада во судир со „БМВ“ пред Поликлиниката „Јане Сандански“

Возач на електричен тротинет настрадал во судир со автомобил, вчера пред Поликлииката „Јане Сандански“, информираше МВР.
-На 20.11.2020 во 20.30 часот во Скопје, пред поликлиника на улица Васко Карангелевски, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ Х6“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(35) и електричен тротинет, управуван од Н.С.(38), и двајцата од Скопје. Во незгодата Н.С. бил  тешко повреден. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје, велат од МВР.
Треба да знаете
Последни објави