Search

Возач и тројца мигранти тешко повредени откако комбе падна во провалија кај Демир Капија

На 19.07.2019 година околу 17.00 часот на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано „Прждевски споменик“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало 34 мигранти од Авганистан. Возилото не застанало и продолжило со движење, по што изгубило контрола и се превртело. Во незгодата со тешки  телесни повреди се здобил возачот  Д.И.(24) од с.Сопот, велешко и тројца мигранти, додека останатите мигранти се здобиле со телесни повреди. На сите повредени им била укажана помош во околните болници. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.

Треба да знаете
Последни објави