Search

Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на патот Штип-Велес

Вчера во 20.00 часот на магистралниот пат Штип – Велес (помеѓу село Криви Дол и село Кадрифаково), се случила сообраќајна незгода.

Патничко моторно возило  со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, додека со телесни пoвреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави