Search

Возач и сопатник повредени во сообраќајка кај Мирковци

Возач бил тешко повреден, а сопатник полесно кога автомобилот во кој се возеле излетал од пат и се превртел, вчера ноќта во близина на скопското село Мирковци.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 00.30 часот, на локалниот пат Мирковци – Сандево. Автомобил „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(23) од селото Мирковци, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил возачот, а полесно бил повреден сопатникот Д.Ј.(29).

На двајцата им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави