Search

Возач и сопатник на мотоцикл тешко повредени по судир со автомобил

Сопатник на мотоцикл бил тешко повреден, а возачот полесно кога со мотоциклот со кој се возеле се судриле со автомобил, вчера вечерта во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 21.30 часот на улицата Цветан Димов. Автомобил „опел вектра“, управуван од Б.Х.(38) од Скопје се судрил со  мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.М.(30) од Скопје.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил Б.М.(18), сопатник од мотоциклот, а возачот С.М. бил полесно повреден.

Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави