Search

Возачот на камионот во Британија, обвинет за убиство на 39 луѓе

Возачот на камионот со приколка-ладилник во која во Англија беа пронајдени 39 мртви тела е обвинет за 39 убиства, јави Би-би-си.

Станува збор за Морис Робинсон, 25-годишен возач, кој беше уапсен веднаш по пронаоѓањето на телата.

Тој исто така е обвинет за организиран шверц на луѓе, организирање на нелегална имиграција и перење пари.

Главниот инспектор, Мартин Пасмор, денеска го остави отворено прашањето за националноста на жртвите, но има се повеќе сомнежи дека станува збор за луѓе од Виетнам.

Осум жени и 31 маж беа пронајдени мртви во приколката на камионот паркиран во индустриска зона во Есекс.

Во рамките на истрагата, денеска е уапсено и петто лице кое се поврзува со смртта на 39 луѓе

Треба да знаете
Последни објави