Search

Возачите на градските автобуси во Љубљана дневно разнесуваат 515 бесплатни оброци

По затворањето на училиштата и градинките во Словенија, голем број деца, пред се од социјално ранливи семејства, останаа без ниту еден топол оброк во текот на денот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

За решавање на овој проблем и за помош на овие деца се пријавија и голем број доброволци, меѓу кои и 200 возачи на градските автобуси во Љубљана. Дневно овие луѓе разнесуваат и до 515 бесплатни топли оброци.

Бесплатен топол оброк добиваат е старите лица кои се сами во своите домови и нема кој да се грижи за нив.

За бесплатно доброволно чување на деца се правија 132 воспитувачи и учители, кои што ги чуваат дома децата кои немаат кој друг да внимавам на нив.

Министерството за образование на Словенија се погрижи и дечињата од социјално ранливите семејства до добијат компјутери и пристап до интернет со цел да можат во услови на епидемија да продолжат со образовниот процес.

Треба да знаете
Последни објави