Search

Возачите на „Вардар експрес“ превезувале лица до местата за карантин без да им биде обезбедена опрема и без обврска за самоизолација

Членови на семејство на возач вработен во „Вардар Експрес” се загрижени за нивните најблиски, но и за своето здравје, бидејќи како што тврдат, оние возачи кои се ангажирани за пренесување на лицата кои влегуваат во државава од надвор и ги транспортираат до центрите за изолација, тоа го правеле без да им биде обезбедена соодветна заштита од коронавирусот, објави „МКД.мк“.

Редакцијата на „МКД.мк“ контактирала со роднини на вработените во агенцијата, а кои тврдат дека возачите сами се снаоѓаат со маски и ракавици, но по транспортот на патници немаат никаква обврска да бидат во самоизолација или карантин.

 

Треба да знаете
Последни објави