Search

Военото присуство на САД на Блискиот исток најслабо во историјата, тврди заменик командант на Револуционерната гарда

Присуството на САД на Блискиот Исток е најслабо во историјата, изјави заменик-командантот на иранската елитна Револуционерна гарда, контра-адмирал Али Фадави.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги зајакна економските санкции против Иран, а неговата администрација вели дека го интензивира своето присуство во регионот, обвинувајќи го Иран дека е закана за американски трупи и интереси.

Техеран ги оквалификува потезите на САД како „психолошка војна” и „политичка игра”.

„Американците се присутни во регионот од 1833 година и сега нивното присуство е најслабо во историјата во Западна Азија”, рече Фадави.

Треба да знаете
Последни објави