Search

Воениот брод-болница „Комфорт” со 1.00 кревети вплови во Њујорк

Воениот брод болница „Комфорт” синоќа вплови во Њујорк каде бројот на смртните случаи од коронавирус се зголеми на 1.218.

Бродот има 1.000 кревети и е наменет за лекување на пациенти кои не се инфицирани со вирусот, за да се ослободат места на инфективните клини во болниците во Њујорк, пренесоа американските медиуми.

Покрај 1.000 кревети болницата „Конфорт” има и 12 операциски сали.

Градот Њујорк се подготвува за пикот на епидемијата во април, а градските функционери се обидуваат да ги зголемат болничките капацитети до 87.000 кревети.

До овој момент во Њујорк се хоспитализирани 9.500 лица заразени со Ковид-19,а повеќе од 2.300 лица се на интензивна нега. Во државата Њујорк има повеќе од 66.000 потврдени случиа на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави